Благодарам, Србија: Италијанскиот милионер Џанлука Ваки се вакцинираше во Белград

Фото:  BRIDGET BENNETT / AFP

Милионерот од Италија, Џанлука Ваки, беше вакциниран против коронавирус во Белград, по што тој јавно и се заблагодари на Србија преку неговиот профил на Инстаграм, кој го следат 20 милиони луѓе.

„Се враќаме во Болоња, вакцинирани сме во Белград. Благодарам, Србија“, рече Џанлука Ваки во видеото што го објави од авионот, пренесува Нова.рс.

Ќе се врати во Белград кога ќе дојде време да ја прими втората доза на вакцината, а откри и како се однесувале кон него на Белградскиот саем, каде ја примил вакцината.

„Се гледаме кога ќе дојдам на втората доза, ние сме многу благодарни на вас а, вие бевте прекрасни со нас“, рече популарниот плејбој дедо.

Џанлука пристигна во Белград со приватен лет, а тој дојде само за вакцинација, објави „Телеграф“. Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така за три недели ќе биде повторно вакциниран во главен град на соседна Србија.