Блокирани сметките на компаниите кои добија помош, а не исплаќаа плати: Лукаревска потврди, постапката против нив е во тек

-На сите компании што не ја исплатија доделената дополнителна помош на своите вработени, УЈП им ги блокира сметките и на дел од нив веќе им се повлечени овие средстава од државната помош. Имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби, истакна Лукаревска

Дирекотрката на УЈП, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција, во однос на новинарското прашање што се случи со компаниите што добија, но ја злоуптребија државната финасиска помош за да поделат плати на вработените, рече дека постапката против нив е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.