Бодан ужива во снежните лудории: Водителката Цеце со семеен портрет од Пониква

Добивај вести на Viber

Фото: Приватна архива


Убавата водителка Цеце Тодосовска деновиве ги поминува семејно на планина. Имено таа ужива во снежните убавини на Пониква.

Дел од убавите семејни моменти сподели и на социјалната мрежа Инстаграм.

 

И покрај тоа што синот е мал, Цеце и нејзиниот сопруг не се откажаа од својата голема страст, планинарењето, со тоа што сега носат уште еден планинарски ранец плус, за Бодан, како што и самата откри во претходно интервју за Женски Магазин.