Бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е готов со месеци: И на оваа љубов ѝ дојде крајот

Добивај вести на Viber

Иако се уште нема официјална потврда, бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек „е завршен со месеци“. Парот е разделен од март оваа година, тврди неименуван извор за американски „Пејџ Сикс“.

Џенифер Лопез и холивудскиот актер со месеци се во фокусот на светските медиуми, односно гласините за нивниот развод. Иако во неколку наврати се обидоа да го демантираат тоа на различни начини, со гестови или заеднички појавувања во јавноста, во исто време медиумите беа преплавени со бројни тврдења од добро упатени извори и нивни познаници дека на оваа љубов и дојде крајот. 

Двојката не е видена заедно од 2 јуни оваа година, а Бен Афлек ги собра сите свои работи од нивниот заеднички дом додека латино дивата беше на одмор во Италија минатиот месец.

Исто така, беше објавено дека парот продава уметнички дела од нивната палата во Бел-Ер, Калифорнија, вредна 60 милиони долари.

„На Џени и е доста од се; таа навистина се обиде да го спаси овој брак, но повеќе не може. Не се подобрува, туку се влошува“, изјавил за „Дејли мејл“ извор близок на Џеј Ло.

И покрај брачните неволји, актерот наводно се уште е „многу заштитнички настроен кон Џенифер“, парот има и деловен однос - пејачката треба да се појави во два филма продуцирани од Бен Афлек и продуцентската куќа на Мет Дејмон.