Како Кејт Мидлтон не ја изгуби косата по хемотерапија: Пристигна одговорот што сите го чекаа
Корисниците на социјалните мрежи се прашуваат како е можно принцезата од Велс да не ја изгубила косата и покрај тоа што е подложена на хемотерапија, третман на рак...
Неодамна целиот свет внимателно ја следеше Кејт Мидлтон кога таа се појави во јавноста откако на светот му ја соопшти нејзината здравствена дијагноза. Таа дојде на традиционалната церемонија Trooping the Color, со која официјално се одбележува роденденот на британскиот монарх, моментално крал Чарлс Трети. Фотографиите ги преплавија социјалните мрежи, но многу фанови на кралското семејство и понатаму го поставуваат истото прашање - како е можно таа да не ја изгуби косата, а кон крајот на февруари почнала со хемотерапија?
Кејт Мидлтон е на хемотерапија веќе четири месеци. Сепак, според некои медицински експерти, не сите третмани со хемотерапија предизвикуваат опаѓање на косата. Иако е познато дека некои лекови предизвикуваат значително слабеење или дури и губење на косата, други имаат помалку сериозни несакани ефекти.
- Не сите видови на хемотерапија предизвикуваат опаѓање на косата. Само одредени видови предизвикуваат опаѓање на косата бидејќи делуваат на клетките кои брзо се размножуваат – изјавила Керолин Герати, медицинска сестра во Cancer Research UK, пишува британски Мирор.
Медицинската сестра објасни дека не може да бидат засегнати само влакната на главата, туку и влакната по целото тело. Така, некои луѓе може да ја загубат косата, други веѓите или влакната на рацете. - Меѓутоа, во некои случаи хемотерапијата не предизвикува опаѓање на косата, туку проретчување, но тоа е привремено. По прекин на третманот, косата повторно почнува да расте. Бидејќи не се објавени деталите за превентивната хемотерапија на која принцезата од Велс се подложила, можно е лековите што ги земала да не биле доволно силни за да предизвикаат опаѓање на косата, објаснила медицинската сестра.