Братот за својата сестра секогаш ќе биде суперхерој: Емотивна роденденска честитка за пејачот Дарко Илиевски

Добивај вести на Viber

Пејачот Дарко Илиевски кои долги години живее во САД со сопругата Ивана и двете деца, вчера го прослави својот роденден

Се чини дека најубавата порака ја доби од родната земја, односно од неговата сестра Јованка.

„Гранките на дрвото растат во различна насока, но коренот им е еден. Исто е и со братот и сестрата. Секој си носи дел од животот на другиот во себе!

Братот за својата сестра секогаш ќе биде суперхерој и ништо помалку од тоа!

Среќен роденден брат ми“ - напиша таа во емотивната објава проследена со компилација на фотографии.


Тој неодамна стана татко по втор пат, на ќерката која го доби името Ана Ирена.