Брена имала необична професија пред да почне да пее

Добивај вести на Viber

Пред да стане најголемата југословенска фолк- ѕвезда, Лепа Брена имала сосема поинаква професија.

Српскиот портал Мондо.рс пишува дека Брена работела како бебиситерка во една белградска болница. Многу години подоцна, се испоставило дека ја чувала пејачката Ана Штајдохар. 

Вистинското име на Брена ѝ е Фахрета Јакиќ. Во нејзиното родно место Брчко во Босна и Херцеговина го добила прекарот Брена, што значело убава девојка. Подоцна, легендарниот водител Милован Илиќ-Минимакс, и го додал и она Лепа, за што на почетокот Брена се противела, па го прифатила.