Бритни Спирс призна: Имам неизлечиво оштетување на нервите, само Господ може да ми помогне (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Бритни Спирс откри дека има неизлечиво оштетување на нервите на десната страна од телото.

"Оштетувањето на нервот на десната страна на моето тело е неизлечиво. Само Господ може да ми помогне. Оштетувањето на нервите се случува кога мозокот не добива доволно кислород - тој буквално почнува да се исклучува", напиша таа на Инстаграм во описот на видеото каде што танцува.

View this post on Instagram

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)


Познатата пејачка тврди дека во просек три пати неделно се буди „со целосно вкочанети раце“ и дека се чувствува „како некој да ми ја прободува десната страна од телото со игли“.

„Моите слепоочници исто така многу ме болат. Болката е навистина страшна“, додаде таа. Сепак, таа смета дека комуникацијата со обожавателите преку Инстаграм ѝ помага да заборави на лошото здравје.

View this post on Instagram

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)


„Не чувствувам болка додека се снимам како танцувам. За момент повторно станувам дете“, вели таа во објавата, а бројни обожаватели ѝ испратија зборови на поддршка во коментарите. И покрај сериозноста на состојбата, таа открива дека работите се подобруваат.

„Конечно најдов лек кој ме тера да чувствувам дека кислородот ми оди до мозокот. Очите ми се поотворени и можам да ја држам главата нагоре. Како и да е, се подобрувам. Можам да дишам, се чувствувам попаметно“, додаде таа.

Пејачката веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста со фотографии на кои позира гола и видеа на кои танцува, а нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн тврди дека неговите синови не сакаат да ја гледаат поради таквото однесување.

извро:index

„Ме дрогираа, ме затворија, да видам дали некој ќе се осмели да ѝ го направи тоа на Џенифер Лопез“: Бритни предизвика нов шок, а Џеј Ло ни крива ни должна заврши во нејзината исповед


Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам мајка ми, се надевам дека ќе можеме да разговараме нормално еден ден


Сакал да ѝ ја спречи венчавката: 128 дена затвор ќе треба да одлежи поранешниот сопруг на Бритни Спирс поради упадот на свадбата