„Ме дрогираа, ме затворија, да видам дали некој ќе се осмели да ѝ го направи тоа на Џенифер Лопез“: Бритни предизвика нов шок, а Џеј Ло ни крива ни должна заврши во нејзината исповед

Добивај вести на Viber

Пејачката Бритни Спирс на Инстаграм објави шокантна исповед во која уште еднаш се осврна на своето тешко и бурно минато, упатувајќи низа обвинувања за своето семејство и споредувајќи се со Џенифер Лопез за дополнително да ги нагласи сите лоши работи што ѝсе случиле.

Бритни се спореди себеси со Џеј Ло бидејќи верува дека нејзината колешка не би го доживеала тоа низ што поминала бидејќи има поддршка од семејството.

„Баш сакам да видам некој на Џеј Ло да ѝ каже да седи осум часа на ден, седум дена во неделата... Без автомобил... Менаџерскиот тим да ѝ вели да помине низ се‘ што поминав јас. Мислите ли дека таа би го направила тоа? Нејзиното семејство никогаш не би дозволило тоа“, напиша Бритни на Инстаграм, истакнувајќи дека нејзиниот долгогодишен тим за обезбедување ја советувал да остане дома со месеци, без разлика што таму немала приватност, пишува „Индепендент“.

Додала дека доколку Џеј Ло била на нејзина позиција, доколку ја гледале како се пресоблекува, како се тушира, додекнајблиските ќе и бараат „затвор“, ќе ја принудат да се дрогира и потоа да се лекува од зависност од дрога во замена за „нешто подобро“. .

„Откако 14 луѓе рекоа не на сè што сакав... Бев уништена... но тоа не беше најлошото... најлошото беше што моето семејство ме затвори на тоа место четири месеци“, рече таа, алудирајќи на принудениот престој во клиника за рехабилитација.

Како што нагласи, во еден момент престанала да ги зема лековите, па семејството и дало забранета супстанца, па повеќе сакала „да ги исполни своите физиолошки потреби во сопствениот базен“ отколку да се врати на работа“, сликовито опишала како се чувствувала..

„Се прославив со ремикси. Така моите песни станаа „нови“. Поминав четири години настапувајќи во Лас Вегас, на секои шест недели имав слободни денови, а кога ќе побарав да се поврзам со некого за нова соработка, тие ми велеа: „Не“... Моите деца го гледаа сето тоа. Ме прашуваа: „Мамо, што направија?“ Ми уништија се‘, ме посрамотија, мислев дека сум никој и ништо“, наведе таа.

Бритни претходно откри дека ја добила забранетата супстанција додека сведочела на суд за време на битката за старателство над нејзините синови со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

„Тоа е силна дрога. Може да добиете ментална штета ако ја земате повеќе од пет месеци. Се чувствував пијана, дури и не можев да разговарам со мајка ми или татко ми за ништо", рекла таа.

По 14 години контрола, Бритни Спирс беше ослободена од старателство во ноември минатата година, што му овозможи на нејзиниот татко Џејми Спирс целосно да го контролира нејзиниот живот.


Фото: Инстаграм - Бритни Спирс - Џеј Ло

Синот на Бритни Спирс: Би сакал повторно да ја видам мајка ми, се надевам дека ќе можеме да разговараме нормално еден ден