Бритни Спирс тврди дека го сменила името: Еве како се вика сега
Пејачката објави слика од планетата Марс и напиша дека го сменила името
Пејачката Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм дека го сменила името во Ривер Ред.
Пејачката (41) објави видео на кое изгледа неверојатно во оскуден горен дел од Кока-Кола и соодветно мини здолниште додека танцува на песните на Џастин Бибер.
Малку подоцна пејачката објави слика од планетата Марс, и напиша дека го сменила името.
Сега на Инстаграм може да се пронајде под името Ривер Ред, а пребарувањето на Бритни Спирс покажува профил што не постои.
Инаку, познато е дека Бритни Спирс има биполарно растројство, а неодамна доживеа нов нервен слом во ресторан во Лос Анџелес, а на социјалните мрежи брзо се проширија фотографии од инцидентот.
Бритни доживеа вознемирувачка ментална епизода откако таа и нејзиниот 28-годишен сопруг Сем Ашгари пристигнаа на вечера со нивниот телохранител.
Извор: www.telegraf.rs