Букет на неделата: Најубав начин да кажете те сакам
![](/media/main/2020/08/20200831084512.jpg)
Моќта на црвената
ружа е ненадминлива. Кога мислиме на ружа, мислиме на црвена. Се чини, ниту
еден друг цвет, никогаш не ќе може да и го земе приматот. Таа стои на врвот на
цветниот пиедестал.
Црвената ружа е цвет на кој не може да му се одолее. Таа си
е доволна сама на себе. Кога е сама е чиста елеганција. Кога е во комбинација
со други цветови и бои, повторно таа е во центарот на цветниот свет. А кога е
букет од безброј цветни ружи, тогаш тоа е совршенство.
Таа е и во музиката, таа
е и на уметничкото платно, таа е и на филмот. Истовремено е и моќен политички
симбол, но и религиозен симбол.
Нејзиното величество, црвената ружа.
Со векови наназад, токму таа е одбрана да биде симбол на моќта, страста и љубовта. Најубавиот начин да му кажете некому „Те сакам“, е да му подарите букет црвени ружи.
Дојдете во Цветна галерија Сончевина или нарачајте онлајн, на нашата фб страница.