Букет на неделата: „Те сакам и мислам на тебе”-не ви требаат многу пари за тоа
Секој букет, ќе донесе радост во домот. Секој букет ќе ја израдува вашата сакана. Ставете букет во вазна на софра, пречекајте ја вашата љубена и ќе добиете весела цветна игра во домот. Не ви треба прилика за тоа. Животот е прилика. Букетите подарени без повод, носат убав љубовен наслов во себе.
„Те сакам и мислам на тебе”. Не ви требаат многу пари за тоа. Не треба тоа да биде букет “натоварен” со цвеќе. Еден цвет. Една роза, кала или гербер. Гестот е важен. Или еве една ваква едноставна, а толку нежна цветна приказна составена од герберот и еустомата.
Белиот гербер испраќа порака на нежна и чиста љубов, а розевиот пак, ќе шепне радост и веселост.
За еустомата пак се вели дека е волшебно цвеќе кое секој дом треба да го има, бидејќи носи среќа и оптимизам со себе. Пробајте! Овие букети чинат малку пари, а носат цело богатство радост и љубов со себе.
Дојдете во Цветна галерија Сончевина или нарачајте онлајн, на нашата фб страница.