Цел живот ме понижуваа и навредуваа за носот: На 16 години отидов на операција, а штом ги извадив завоите сфатив дека сум измамена (ФОТО)

„Одлучив да го оперирам носот затоа што цел живот ме малтретираа, а сега ситуацијата е уште полоша.“

Вака ја опиша својата ситуација Кристи, агент за недвижнини од Медисон, која гостуваше во популарната емисија „Botched“.

- Детството и тинејџерските години ги поминав понижено. Ме навредуваа поради носот, ми кажуваа застрашувачки работи, дури стигнаа дотаму што ме викаа кучка. Затоа, на 16-годишна возраст отидов на операција со намера да го доведам носот до совршенство - изјави Кристи. За жал, тоа не завршило како што посакувала.

- Само што ги извадив заворите, сфатив дека сум во огромна неволја. Носот ми беше дополнително искривен - раскажа очајно младата жена.

- Кога му реков на хирургот дека ме уништи, тој ми рече дека мојот нос е премногу деформиран и дека нема помош за него - продолжува таа, на што лекарите на кои им го презентираше случајот објаснија дека хирургот не е во право, туку погрешил и ѝ отстранил премногу рскавица, и очигледно не сакал да ја признае грешката.

На крајот, Кристи ги замоли лекарите некако да ѝ помогнат, но и да не и го прават носот поширок од тоа што е веќе. Иако ѝ рекоа дека се работа за комплициран случај, тие се согласија да се обидат да ѝ го средат носот и еве ги резултатите:

Пресреќната Кристи вели дека сега е конечно задоволна од одразот во огледалото. "За прв пат ќе го ставам лицето на билбордите за реклама на мојата агенција. Пресреќна сум!", вели таа.

извор: zena.blic.rs