ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ АРАНЖМАНИ ВРТОГЛАВО ПОРАСНАА: Сместувањето во апартмани поскапо за 15, а во хотелите за 20 отсто

На омилената дестинација во текот на летото, Грција, значително се зголемени цените на туристичките аранжмани. Според информациите, поскапувањето се должи на цените на енергенсите, кои ја зголемија цената, а со тоа и цените на речиси сите производи вртоглаво се зголемија. Така, во просек сместувањето во апартмани во Грција е поскапо за 15%, а во хотелите за 20%.

Турција изминатото лето ги зголеми цените, па годинава тие нема да се променат значително, а што се однесува до Италија, уште една популарна дестинација, се очекува да се отвори за влез на 1 мај, а експертите се речиси сигурни дека ќе има поскапувања.

Поскапувањето на туристичките услуги воопшто не ги изненадува економистите.

Детали читајте на Фактор овде.