Чизми во Скопје за 149 денари

Добивај вести на Viber

Чизми за само 149 денари се рекламираат во центарот на Скопје, во една продавница за обувки. Чизмите стојат во корпата пред продавницата со папучите кои се продаваат за истата цена.

Минувачите се чудат како може да се толку ефтини, а неколку жени се заинтересираа да ги купат и прашуваа дали е последен пар. 

Чизмите сепак чинат 300 денари. Вработените од продавницата ни рекоа дека се само ставени во корпата со папучите кои се 149, најверојатно за да привлечат повеќе внимание. И по таа цена, купувачите се интресираат и ги пробуваат. 

Во корпата до нив стојат папучи кои чинат 99 денари. Уште една иста продавница во Центар нуди платнени патики за 149 денари.