Чоколадна кокос торта: Сочна, лесна за правење и се топи во уста (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Една од највкусните торти со вкус на кокос, евтини состојки, а се прави за час!

Состојки: 

-8 јајца, 

-8 лажици шеќер

-2 шлага од ванила, 

-2 шлага од чоколада, 

-150 гр чоколадо за готвење, 

-6 лажици брашно, 

-4 лажици какао

-4 лажици кокос

-100 мл масло, 

-1 ќесичка прашок за пециво;

-украсни трошки за декорација

Упатство:

Се матат две кори: 4 јајца со 4 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 2 лажици какао, 50 мл масло и 1/2 ќесичка прашок за пециво.

Смесата се изедначува и се пече на 200 степени 15 мин.

Изматете го шлагот од ванила и додадете 4 лажици кокос, па добро измешајте.

Одделно изматете го чоколадниот шлаг. На првата кора ставете фил од кокос, а на втората фил од чоколадо. Покријте со друга кора. Прелијте со растопено чоколадо и декорирајте со украсни трошки.

Оставете да се стегне добро, па послужете.

Пријатен апетит!



Насловно фото: bakina kuhinja