Чудната божиќна фотографија на Меланија и Доналд Трамп

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД, Меланија Трамп, на социјалните мрежи објави божиќна честитка на која позира со сопругот. Празничната фотографија ги воодушеви фановите на Трамп во Америка, но оние помалку субјективните тврдат дека нешто не е во ред со овој портрет во Белата куќа.

Магазинот „Вог“ пишува дека долго се работело на фотошопот. Некои, пак, тврдат дека портокаловиот тен на претседателот одеднаш мистериозно исчезнал и дека тој и Меланија изгледаат како восочни фигури.

На фотографијата Меланија носи фустан на Селин во кој одлично изгледа. За нејзиниот избор на гардероба очекувано од модните критичари доби само пофални зборови.