Creative Hub стана официјален партнер на Miami Ad School Europe за Македонија и Албанија

Добивај вести на Viber

Академијата за маркетинг и пр - Creative Hub стана официјален партнер на Miami Ad School Europe за Македонија и Албанија. Сите студенти со диплома од Академија за графички дизајн и адвертајзинг веднаш ќе бидат примени на програмите за Додипломски и Магистерски студии на најпрестижната школа во Европа и Америка за дизајн! 

Сето ова е благодарение на креативниот директор на Публицис, Милан Стојанов, кој даде придонес при формирање на програмата за Академијата за графички дизајн и адвертајзинг како онаа на Miami Ad School Europe.

- За оние што не знаат, од Miami Ad School Europe излегуваат креативните директори на Кола Кола, Мерцедес и процесот на примање е многу мал поради тоа што групите се по само 8 учесници! Нашата програма и сите предавачи денес докажаа дека можат да бидат jump start за студентите на Miami Ad School Europe - вели Аријана Коскарова, основач и раководител на Creative Hub.