Црни родители добиле тотално бело бебе со сини очи: Таткото веднаш побарал ДНК тест, а резултатите ги оставиле без текст
Брачниот пар Бен и Анџела Ихегборо речиси деценија и пол ја интигрираат светската јавност поради ретката, необична и досега необјаснива ситуација која им се случила кога во 2010-та година се роди нивната ќерка Нмачи. Двојката, по потекло од Нигерија, која со децении живее во Лондон по емигрирањето, веќе имаше син и ќерка кои многу личеа на нив - во секој поглед. А потоа сакале уште едно бебе и при породувањето се случило вистинско чудо, поради што ѝ го дале името на детето што во превод значи Божја убавина.
Бела кожа, сини очи и руса коса. Вака изгледала сега 15-годишната Нмачи при раѓањето. Бен и Анџела биле целосно исплашени од шокот. Тој можеби и повеќе, бидејќи првото нешто што му паднало на ум било неверство. Сомневајќи се дека бебе со толку светла кожа не може да биде негово, веднаш побарал ДНК тест, а кога стигнале резултатите - ново изненадување, овојпат олеснување - тој бил таткото на бебето.
„Таа е чудо од бебе“, рече тогаш 35-годишната мајка Анџела, но љубопитноста и потребата од одговори продолжија да ги прогонуваат - како родители со црна кожа можеа да пречекаат вакво бебе со толку светла кожа, коса и очи?
Три теории за нејзината боја на кожа
Иако експертите по генетика од лондонската болница не веруваа во чуда, не можеа веднаш да дадат едноставни и научно засновани одговори. Затоа понудија три теории: првата е дека нејзиниот изглед е резултат на генска мутација, втората е дека станува збор за долго време неактивни „бели“ гени, кои на Анџела ѝ ги пренеле нејзините родители, а кои нивните предци можеле да го носат со генерации и дека до сега не се манифестирале кај ниедно потомство, додека третото било албинизам, но брзо утврдиле дека не ѝ недостасува целиот пигмент. Тие исто така додадоа дека детето можеби има некаква мутирана верзија на генетската состојба, така што нејзината кожа може да потемни со текот на времето, што времето покажа дека не е така.
Приказната за Бен и Анџела Ихегборо можеби не е изненадување за многу Африканци, бидејќи има слични приказни каде семејствата ги трагале своите корени и откриле дека пред неколку генерации некои од нивните предци или имале деца кои биле мешани како резултат на брак со бела личност, особено во ерата на робовладетелските односи над африканското население.
Сепак, приказната за бебето Нмачи остана единствена во светот до ден-денес бидејќи таа не е родена во „мешовит брак“ и се утврди дека не е албино дете.
Семејството стана познато ширум светот и често се појавуваа во медиумите за да потсетуваат на нивната неверојатна приказна.
Извор: Kurir.rs/ŽenaBlic