Актуелно // Insta вести
„Да ја бакнував секогаш кога ја лажев, таа ќе беше најсаканата жена на светот“: Игор Џамбазов за „Денот на вљубените“ посвети една од неговите познати мисли
- 14 Февруари, 2024
Игор Џамбазов овој период ужива во друштво на новата пријателка Ферхунде. На неговата среќа нема крај. Тој постојано објавува видеа и фотографии со неа, со што ги собра симпатиите на илјадници следбеници на социјалните мрежи.
Покрај Ферхунде, која е центар на неговото внимание овој период, Игор, денес на денот на вљубените сподели една негова добра стара мисла – „Да ја бакнував секогаш кога ја лажев, таа ќе беше најсаканата жена на светот“.
Игор лекцијата ја научил но доцна, па затоа, на „Денот на вљубените“ истата нека биде поука за сите, верно да ја чуваат личноста која ја имаат до себе.
Фото: Инстаграм