Дали знаете кој е официјалeн телевизор на FIFA World Cup Qatar 2022™? Токму тој беше избран со причина

Светското првенство во Катар е во полн ек, а гледањето на натпреварите на најновите Hisense ULED телевизори, кои се официјални телевизори на првенството, е најдобар начин да посведочиме за многуте историски моменти кои нѐ очекуваат. 

Колку и да е посебно задоволство гледањето фудбал во живо, сведочењето на сите нијанси на уметноста на овој спорт можеби сепак е најдобро преку ТВ преносите, особено за да бидете сигурни дека нема да пропуштите ниту еден детаљ.

Со непречено движење за да одговара на акцијата, Hisense ULED телевизорите прикажуваат неверојатно јасна слика кога станува збор за натпревари.Со панел од 120 Hz, спортски режим и врвна технологија, Hisense ULED телевизорот на најдобар начин ќе ви ги пренесе најважните моменти.Дополнително, многу е лесен за ракување и е сигурен, а овие функции во комбинација со напредниот оперативен систем на Hisense, VIDAA Smart за Smart TV, ќе обезбедат вистинско доживување на стадионот во вашиот дом.

Како дел од иновативниот оперативен систем, овој телевизор има можност и за гласовна контрола. Сè што е потребно е да го притиснете копчето за микрофон или едноставно да ја изговорите командата на растојание до три метри.


Моќниот Hi-View Engine процесор ќе придонесе за неверојатно искуство додека гледате напнати натпревари.Благодарение на него, телевизорот ја оптимизира секоја сцена на екранот со постојано анализирање и прилагодување на квалитетот на сликата.Од најдлабоките црни до најсветлите бели, можете да ја видите секоја транзиција помеѓу.Овој модел ги поддржува сите HDR формати и ги надминува сите индустриски стандарди што ви дава живописна, неверојатно детална, светла слика.

Dolby Vision IQ, HDR10+ приспособливоста и технологијата на алгоритми што ги оптимизира индивидуалните параметри како контраст и боја според условите на осветлување во просторијата, исто така придонесуваат за импресивно доживување при гледањето.Со AI технологијата за оптимизација на слика, секоја сцена се анализира кадар по кадар за најдобра можна боја, осветлување и сенки.

Hisense е горд официјален спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™. Благодарение на специјалната технологија на Hisense ULED телевизорите, навистина ќе ги внесете локалните фудбалски ѕвезди во вашата дневна соба и со тоа ќе го направите навивањето за омилената репрезентација уште повозбудливо. На моменти сигурно ќе се запрашате дали натпреварите се играат на стадион или на вашиот тепих. Откако ќе се навикнете на спортскиот режим и на сите предности на Hisense ULED телевизорите, тешко дека ќе сакате нешто друго.

Сите Hisense телевизори се достапни во продажните салони на Нептун и на www.neptun.mk.


ПР објава