Дамиано Давид во фустан ја „полуде“ публиката: Со што овој маж ги освои жените?

Тој е облечен во розова комбинација - дали е тоа воопшто можно?!

Групата „Манескин“, која оваа година победи на Евровизија, веќе некое време е на европска турнеја, а моментално се наоѓаат во Париз.

Феноменот на овој бенд допрва ќе биде тема, но најголемо внимание привлекува нивниот фронтмен, Дамиано Давид, кој често носи модни комбинации за жени во кои изгледа маженствено.

Сѐ уште на никој не му е јасно што е толку привлечно во згоден маж облечен во розова боја, со лак на ноктите и ајлајнер.

Овој пат Дамиано облече мини, кариран фустан, под кој носеше кошула. Останатите членови на бендот носеа кошули и панталони.

View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Манескин на официјалнио Инстаграм профил објави неколку фотографии од настапот во Париз, а обожавателите оставаа коментари полни со пофални зборови:

„Дали можете да бидете поталентирани од тоа што сте?“, „Како да дишам?“, „Ве сакам“, „Модни икони“ -се само некои од коментарите под нивните заеднички фотографии.


фото: Profimedia / Instagram