Дани Димитровска: Времето е единствениот лек за болката

Добивај вести на Viber

Песна за душа, ја нарекуваат фановите на Дани нејзината нова балада „Време“. Песната ја напиша нејзината проверена соработничка Весна Малинова- Бабамов.

Спотот кој го режираше Чедо Поповски е емотивна приказна во која Дани се расплакува.


На 7 март, таа ќе го одржи својот прв концерт во Македонската филхармонија од 20.30 часот. Дани ќе ги испее своите најголеми хитови од дваесет годишната кариера со Македонската филхармонија, со која ќе диригира Бисера Чадловска. 

Влезниците, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажните мрежи на Mktickets.mk и Karti.com.mk.

„Новата песна е музичка експресија инсприрана од емотивни реалности во која се поставува прашањето дали времето е единствениот лек за болката која сите во животот барем еднаш сме ја доживеале. „Време е цел роман во кој се опишани десетици години“, вели Дани.