Дарио ја омажи ќерката: Од мала е моја слабост

На интимна свечена церемонија, која се одржа на Охридското езеро, Андреа Панковска, ќерката на музичката ѕвезда Дарио, му кажа „да“ на избраникот на нејзиното срце.

Дарио, кој практикува да не го експонира приватниот живот, ни изјави дека церемонијата се одржала на вода и била преубава.

 - Посебна е врската помеѓу татко и ќерка. Така е и со нас. Од мала е моја слабост. Таа е „My girl" - ни откри тој. 


Андреа и Тео изгледаат како во бајка во балканскиот Ерусалим.





С.А.Н

Фото: Фејсбук - Дарио Панковски /Инстаграм - miki_manca_photographer