Дарко Лазиќ и избраничката со заедничка ергенска/моминска вечер: Ова е невидено (ФОТО)
Пејачот и неговата избраничка го одбележаа овој момент
Дарко и Катарина Лазиќ заедно направија ергенска и моминска вечер, во пресрет на венчавката која треба да се одржи на крајот на август.
Парот веќе стапи во граѓански брак, а Дарко откри дека сега ќе има и црковна венчавка и дека би сакал уште две деца.
Тие организираа забава покрај базен и славеа до зори со пријателите, а сите гости беа облечени во бело.
Идната невеста блескаше во тесен бел фустан, а пееше кумата Андреана Чекиќ, додека идниот младоженец чукаше на тапани.
- Имавме граѓанска венчавка. Чекаме да направиме вистинска црковна венчавка – изјави Дарко.
Да потсетиме, Лазиќ претходно се венчаа во присуство на само неколку луѓе, додека сега ќе има свадба со дури 500 гости. Пејачот претходно изјави дека би сакал повеќе наследници.
- Ги сакам децата и никогаш не би рекол „стоп“ кога се во прашање децата. Но, би сакал да има уште најмалку две – призна тој.
Извор: www.espreso.co.rs