Дарко Лазиќ разбуден од кома: Дава знаци дека слуша, но не може да зборува
Пејачот е надвор од животна опасност, а лекарите се убедени дека можат да ги санираат сите повреди
Дарко Лазиќ е разбуден од вештачката кома, во која беше шест дена, откако минатиот вторник доживеа тешка сообраќајна несреќа во Брестач, а лекарите ги открија новите детали.
-За да има можност за опоравување мора да биде мирен, што се постигнува со лекови. Му се одзема свеста, мускулите се реласираат и се даваат лекови против болки, и се така додека организмот не се опорави малку. Потоа полека почнуваат да се исклучуваат лековите. Се враќа свеста, можноста за движење- раскажуваат лекарите објаснувајќи ја ситуацијата во која се наоѓал Дарко.
Наводно, лекарите вчера, одлучиле да не му го даваат лекот кој го смирува и успива, додека шансите за опоравување сега се нешто поголеми. Со оглед на повредените бели дробови, пациентот останува и понатаму на апарати, со чија помош дише.
- Сите се среќни. Одиме понатаму, веруваме во лекарите, тие даваат сѐ од себе, има максимална нега, грижа, сериозен тим на експерти е покрај него и сите се трудат да биде најдобро. Тој е младо и здраво момче, и се надеваме на најдоброто- изјави близок пријател на пејачот.
Фото: Profimedia, Damir Dervišagić