Дарко Лешоски: Борба за љубов во сон, борба за саканиот или саканата
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјано за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
Hypnerotomachia (именка, потекло:Грчки јазик) - борба за љубов во сон, борба за саканиот или саканата во некој наш сон.
Те сонував утрово.
Кратко.
Од оние сништа што чиниш си ги сонувал цела ноќ и требале можеби да траат толку, ама не - ни 5 минути не било.
Ко во бунило. И ако мислиш дека било нешто посебно, дека, ете ако јас тебе те сонував тоа треба да значи нешто - не.
Си ја сонував јас неискажаната љубов која тежи на рамена и ми ја искриви кичмава Јас тебе те сонувам одамно.
И многу. И многу често. И знам, секоја душа си кажува како треба да и е. А не е…