Дарко Лешоски: Кога долу ќе му погледнеш во очи на Ништото
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
ORENDA - Хјурон (Ирокејски) индијански јазик
ōˈrendə : извонредна невидлива моќ за која Ирокејските Индијанци веруваат дека е сила во секој од нас, која ја потекнува од најголемата Сила и има моќ дури и над Судбината.
Секој од нас, мора макар еднаш во животот да пренесе сам чамец преку планина на рамена, Ама тоа не е најтешкото. Ами празнината. Одлуката. Кога долу ќе му погледнеш во очи на Ништото. И треба да одлучиш, дали е смрт Или море.