Дарко Лешоски: Нешта кои е подобро да останат неискажани, недоречени

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

"Тacenda" (pl.)– (иден пасив партицип од taceo), потекло: Латински јазик. Нешта кои е подобро да останат неискажани, недоречени.

Јас замислувам разговор со тебе,

Некакво правдање,

Некакво објаснување.

Јас смислувам прикладни зборови,

Вистинити,

Топли,

Искрени докрај.

Можеби јас би ти кажал

Во тој дијалог

Дека, и покрај сето,

Ти си повлекла виножито

Над мојот живот,

Дека ти си ме вклопила во некаква неповторлива целост,

Така што се' добило своја смисла,

Како само по себе да се создало чудо.

Можеби малцина, а можеби и никој

Не се измислил така себе си

Како што сме се измислиле ние двајцата.

Па сепак, и покрај тој голем подем

По гест и збор,

На крајот заклучувам

Дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор.

- Блаже Конески