Дарко Лешоски: „Предзаљубеност“, претскажана љубов на прв поглед

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјано за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

 „Koi No Yokan (恋の予感) “ - (фраза - потекло: Jапонски јазик.) Кои но Јокан е претчувство кое се јавува во една личност кога за првпат се среќава со друга личност, дека во иднина, некогаш, тие двајца ќе се заљубат еден во друг. Оваа фраза е различна од Западната „рационална“ фраза: Љубов на прв поглед, ами е повеќе како „предзаљубеност“, претскажана љубов на прв поглед.

Еден ден се сретнеме како стари пријатели јас и ти. Без товар. Без непотребни прашања кој што правел и каде бил. Сјајот од очите твои ќе ми биде мирот за кој светот наопаку сум го превртил. Teбе насмеаниот мој шепот и познат мирис сѐ што било само твое ќе ти врати ѓоа душава ти е познато претсобје и ходник од дом во кој си живеела како дете некогаш ти. Секоја куќа има посебен и свој мирис. И ние можеме да разликуваме илјадници мириси, станови и куќи, ама точно знаеме во секое време само домот наш како ни мириса. Така за миг ќе знаеш ти."