Децата не треба да бидат изговор, тие се причината поради која треба да се грижите за себе: Моделката Евгенија го однесе бебето со себе во теретана

Добивај вести на Viber

Ако на некоја мајка во овој момент многумина ѝ завидуваат тогаш, дефинитивно тоа е моделката Евгенија Колев.

По само два месец откако се породи со вториот син, таа се врати на вежбањето. 

Полека ја враќа формата која ја имаше, а со последната инстаграм приказна порачува дека децата не треба да бидат никаков изговор, туку дека се причина да се грижиме за себе.

„Децата не треба да бидат изговор, тие се причината поради која треба да се грижите за себе“ - напиша Евгенија, а со неа во теретана го однесе и новородениот син кој има само два месеци.

Додека таа креваше тегови, малиот Давид мирно си седеше во транспортерот.


Конечно да види каде вежбал во стомакот на мама - напиша згодната моделка во друга инста приказна.


Евгенија Колев се занимава активно со фитнес од 2015-та година. 

Ретроспективно гледано, таа е модел од 2015 година. Нејзините почетоци се во модно студио Црнокрак, а подоцна во агенцијата Models In. Во 2017 победи на изборот за убавина Miss Mediterranean. Интересен факт за неа е дека зборува кинески јазик. Беше запишана на универзитет во Шангај и таму студираше кинески јазик 1 година, а потоа го продолжи образованието тука, во Македонија.

Нема играчка која ќе го замени вниманието на мајката во очите на детето, но не треба да се запоставуваме и себеси: Евгенија Колев за Женски магазин

ФОТО: Инстаграм