Актуелно // Insta вести
„Денес масата е ко оригами изложба, а некогаш беше ко президиумот на КПЈ“: Сурово искрен статус на Божидар Божиновски за славењето на имендените некогаш и сега
Деновите пред Нова година и Божиќ се денови на куќни слави и имендени. На социјалните мрежи секојдневно се споделуваат фотографии од трпезите кои домакинките ги подготвиле за славите, а токму на тема славењето на имендени денес и на времето сподели и свое мислење авторот на неколку романи и гласноговорник за многу општествено-социјални теми Божидар Божиновски, кој е познат во јавноста и под севдонимот Моџо Килингтон.
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:
Именден на времето:
- домашно вино, домашна ракија, да знаевме и пиво да праевме ќе праевме
- немаше посна и мрсна слава пошто масата изгледаше ко президиумот на КПЈ, сите комунисти
- теми на расправа: втора светска војна (секогаш имаше партизан шо одбива да умри, а цела фамилија го чекаат да му јадат боречката пензија), фабричките гиганти на Југославија, Германија и Ватикан дале три милијарди марки да ја растурат Југославија, транзиција
- пошто седевме поделени ко во џамија жените идеа со тефтери "Југометал 90" и менуваа рецепти, а пошто имаше и ageism посебно место имаше за децата
- никој не носеше дрвена лептир машна
- се слушаше музичка програма на локална телевизија дур не запее некој... обично тој шо не знае да пее
Именден сега:
- исти курац од пијачки, за 20 години не научивме уште пиво да прајме, а заборајвме да прајме вино и ракија. Плус има виски за тој роднината од партија шо очекуваш да те вработи, а нема
- масата е ко оригами изложба. Печеница виткана ко ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети ко лебеди, јебем ли га само куленот остана да личи на кулен
- на маса се разговара исклучиво за геоплитика со две струи: прозападна и проруска. Се откриваат сите тајни на ЦИА, КГБ, Мосад без да се пази дека и ѕидовите имаат уши. Како почнува да дејствува алкохолот се спушта нивото на ВМРО, СДСМ дур хипикот на маса не речи "Сите се исти". Никој не го слуша. Дискутираат и жени и деца пошто го победивме и патријархот и ageism-от
- во зависност на примањата на семејството музиката варира од Јутуб до жива музика. Уште се слуша дугме
- од рецепти се разговара само за рецепти за лекови
- има луѓе со дрвени лептир машни, ко да немаат огледала.
Фото: Youtube - screenshoot/ unsplash
Можеби ќе ве интересира:
- Прваче на времето - прваче денес: Освестувачки статус на Божидар Божиновск