Детето од „Терминатор“ порасна: Го дрогираше својот тригодишен син, ја тепаше сопругата, а потоа сè се променило

Актерот Едвард Фурлонг беше голема детска ѕвезда, а денес потфрли и физички и професионално

Американскиот актер Едвард Фурлонг, кому цел свет му предвидуваше невиден успех и светла иднина по улогата на Џон Конор во култниот „Терминатор“, наполни 45 години, а деновите на голема слава и успех се далеку зад него.

Имено, поранешната тинејџерска ѕвезда се вмешал во низа скандали и пороци, поради кои на крајот изгуби се‘ со што можеше да се пофали во младоста – од изглед до богатство.

Се сеќаваме на Едвард како дете-ѕвезда, беше многу пофален и баран во Холивуд во 1990-тите. Токму кога светот помисли дека филмската индустрија нашла нова голема ѕвезда, во средината на 90-тите, Едвард наиде на опијати - и оттука започна неговото потекло во зависност и криминал. 

Денеска живее изолирано од јавноста, а неодамна е виден како се шета низ Лос Анџелес во непрепознатлива облека. Се обиде да го сокрие лицето со рацете за папараците да го остават на мир, но тие го фотографираа и со фотографиите предизвикаа воодушевување кај фановите и јавноста. Имено, Едвард премногу се здебелил и станал запоставен откако бил во затвор. 

Да потсетиме, иако беше богат и славен во еден момент, животот на актерот никогаш не бил лесен. Немал татко, мајка му набрзо изгубила контрола над него, а за него се грижеле тетка му и вујко му до раните тинејџерски години. Кога наполнил 15 години, за време на снимањето на „Терминатор“ започнал врска со 29-годишната учителка по глума Жаклин Домак.

Со текот на времето, таа стана негов менаџер, но не се снајде најдобро во таа работа. Едвард глумеше во неколку филмови кои не успеаја и добија само негативни критики. Поради врската со Жаклин се скарал со семејството, што завршило на суд. Жаклин на крајот стана негова свршеница, но набргу потоа на деловната и љубовната врска и ставија крај.

Во 1999 година го тужела поради финансиски тешкотии, а тврдела и дека физички ја малтретирал.

Во тоа време, актерот бил зависник од тешки дроги и се борел со зависност од алкохол. Во тој период и неговата кариера тргна надолу.

По „Терминатор“ успеа да направи уште еден голем филмски хит „American History X“, но после тоа поради зависноста заврши на црната листа на агентите и никој повеќе не сакаше да работи со него. Поради зависност, тој не беше повторно ангажиран за улогата на Џон Конор во новото продолжение на „Терминатор“, кое беше снимено во 2002 година. 

Од почетокот на 2000 година повеќепати бил апсен поради насилничко однесување, нарушување на јавниот ред и мир, поседување дрога и возење под дејство на опијати и алкохол. Тој пред судот призна дека доживеал целосен банкрот, па заврши во затвор.

Зависноста му го уништила и приватниот живот. Тој се ожени со актерката Рејчел Ниланд во 2006 година и веднаш добија син, но три години подоцна Рејчел на суд го обвини Фурлонг дека го изложил нивното дете на дрога. 

View this post on Instagram

A post shared by Edward Furlong (@edwardfurlongofficial)


Тестот направен врз тригодишното дете покажал дека е позитивно на кокаин. Нему му беше забрането да ѝ се приближува на поранешната сопруга и доби условна казна од три години. Во март 2013 година, тој беше осуден на шест месеци затвор откако физички ја нападна Моника Кина, неговата поранешна девојка. Нему му било понудено наместо во затвор да оди на рехабилитација од дрога, но тој избрал затвор. 

„Најхраброто нешто што го направив е да не се дрогирам“, изјави актерот кој денес има фантастичен однос со својот син. „На луѓето дефинитивно им се допаѓам повеќе кога сум трезен и нормален. Ми се допаѓа колку е едноставен и убав мојот живот овие денови. Се будам и не се грижам дали ќе одам во затвор", изјавил актерот неодамна.


Фото: Инстаграм/Профимедиа/pinterest