Девет часа пат на минус 27: Новогодишна случка на Наташа Малинкова

Добивај вести на Viber

Патот од Маврово до нејзиното родно Кавадарци бил многу долг за пејачката Наташа Малинкова.  Поради лошите временски услови, таа патувала околу девет часа. 

„ Некаде по Нова година преклани, имавме одличен настап и одлична забава во Маврово, во дискотеката „Ратрак“. Од пуста љубов кон музиката и нашето мото: само да се работи и да се работи, не предвидовме дека температурите во Маврово навечер се многу ниски и дека ќе стасаат и до -27 степени. Мојата екипа и јас, место да преспиеме во Маврово, истата вечер по настапот, околу два по полноќ тргнавме дома во Кавадарци. Од што беше толку многу студено, ни смрзна нафтата во автомобилот и се мачевме во текот на целиот пат, тргни-застани беше работата. Од мака се смеевме цел пат до Кавадарци, но и бевме под стрес како ќе стасаме дома. И стасавме живи и здрави, но некаде околу 11 часот пред пладне, што значи дека од Маврово до Кавадрци возевме девет часа. Кога стасав дома, гости веќе ме чекаа на ручек. Немав време да се наспијам, само се истуширав и веднаш седнав со гостите“, ни раскажа Малинкова.