,

Девојче се здоби со изгореници од прв степен во парк за деца: Мајка ги предупредува родителите да се чуваат од жешки метални делови (ФОТО)

Играњето на игралиште на топол ден може да има сериозни последици за децата.

Млада мајка ги предупредува родителите да внимаваат на жешките метални делови на игралиштето, бидејќи ова не е прв пат вакво нешто да се случува.

Несреќите на игралиштата се многу почести во текот на летните месеци.
Пред неколку недели во Австралија, мало девојче играло на игралиште во Инглебурн. Таа носела шорцеви и по неколку минути играње на жешката вртелешка, на нозете ѝ се појавиле првите знаци на изгореници.

Лени се здобила со изгореници од втор степен на ногата, прстите и коленото и изгореници од прв степен на рацете.

-Ќерка ми беше таму само неколку секунди пред да ги добие овие изгореници - објасни г-ѓа Битер - мајката на Лени Ауси.

Што треба да знаете за играњето во паркови во топлите денови?

Од 11.00 до 17.00 часот сонцето е најсилно. Во овие часови најдобро е да не се игра надвор.

Запомнете дека пред вашето дете да почне да игра на игралиштето, внимателно треба да ги проверете металните делови (лулашки, лизгалки, скали, вртелешки). На игралиштето има многу дрвени елементи кои не се загреваат, но се загреват металните синџири на лулашките и сите други метални делови кои се изложени цел ден на сонце.

Песокот исто така се вжештува и може да ги изгори стапалата на децата. Не заборавајте да бидете сигурни дека вашите деца не ги соблекуваат чевлите додека си играат во песок.

Во топлите денови, под влијание на високи температури, брзо се загреваат:

- метална и пластична опрема на игралиштето,

- клупи,

- песок.

Најчести изгореници се рацете, стапалата и задникот. Затоа треба да им обезбедите на децата соодветна облека која дише, но го покрива телото.

извор:najzena

Може да ве интересира и:

-Татко го покажа шокантниот начин на кој ја шета својата петорка: „Ова е грозно - вашите деца не се животни“! Тврди дека во спротивно НИКОГАШ не би излегле надвор

-Совети за родители: Каде и зошто да летувате со деца во Грција?