7-годишно девојче бара работа во Google, еве што и одговори шефот

Добивај вести на Viber

Клои Бриџватер е седумгодишно девојче кое досега има напишано две писма - едно за Дедо Мраз и друго за Google. Можеби Дедо Мраз не и одговори, но од шефот на Google таа доби одговор.

Енди Бриџватер е горд татко на седум-годишната Клои. Клои се чини дека е вистинска типка. Може да се пофали со фактот дека е во контакт со директорот на Google. 

Ова е писмото, кое го објави таткото на Клои на Твитер, а кое било наменето за работа во Google.


Почитуван шеф на Google,

Моето име е Клои и кога ќе пораснам, би сакала да работам во Google. Би сакала да работам во фабрика за чоколада и да пливам на Олимписките игри. Одам да пливам во сабота и вторник. Татко ми рече дека во Google можам да седам на вреќа, да се возам на тобоган и да возам картинг. Ми се допаѓаат компјутерите и имам таблет на кој играм игри. Татко ми ми даде игра каде што треба да се управува со роботот по улицата и вели дека ќе биде добро за мене ако ги научам сите работи за компјутерите. Тој рече дека еден ден ќе ми купи компјутер. Имам 7 години и мојата наставничка им кажува на мама и тато дека сум добра на часовите и дека сум добра во читање и броење. Татко ми ми рече да продолжам да бидам добра и да работам, а потоа можеби еден ден ќе можам да работам  во Google. Мојата сестра Холи е исто така многу паметна, сака да си игра со кукли и да ги облекува, има 5 години. Татко ми ми кажа да се пријавам за работа во Google. Не знам за која точно, но тој вели дека писмото е доволно за сега. Ви благодарим за читањето на моето писмо, единственото што сум го испратила претходно е писмото до Дедо Мраз. Збогум. ''

Клои доби одговор, ни помалку ни повеќе но од директорот на Google, Сундар Пичаи. 

„ Драга Клои, ти благодарам за ова писмо. Мило ми е што сакаш компјутери и роботи, се надевам дека ќе продолжиш да учиш за технологијата. Мислам дека, ако продолжиш да работиш и да ги следиш твоите соништа, може да постигнеш  се што ќе замислиш, од работа во Google се до пливање на Олимписките игри. Со нетрпение ја очекувам твојата апликација за работа кога ќе завршиш со училиштето. Сè најдобро за тебе и твоето семејство.''

Оваа слатка мала девојка, е доволна дневна мотивација која ни покажува колку малку е потребно за да те слушне целиот свет. Соништата можат да се остварат, ако работиме на нив.