,

Девојчето со едно око: Нејзините мудри зборови допреа до многумина

Оваа поучна приказна, пред се', искуство, ни пренесува многу длабока лекција за перспективата на животот.

„Чекам трамвај на периферијата на метрополата, а девојче, шесто или седмо одделение, стои покрај мене и цело време се смешка. Во еден момент забележав дека нема едно око, но на нејзиното лице тоа не беше ни одбивно ни веднаш видливо.

Потоа дојдоа две момчиња и девојче, на нејзина возраст, и почнаа да ја задеваат и да ја навредуваат поради тоа. Таа молчи и насмеана. Ништо не зборува и мирно дише. Потоа ги погледна со насмевка.

- Со едно око можам да видам колку е убаво сè околу мене, а вие со по две очи го гледате само грдото околу вас! Рече мирно. Луѓето на станицата, вклучувајќи ме и мене, само се погледнаа, а една жена рече - на мои 70 години, една мала девојка ме научи на една од најважните работи.
За момент сите се замисливме, еве, сè уште се тресам кога ќе се сетам на тоа“, сподели жената сведок на оваа случка.

извор:beograd.in