Ева Заева годинава беше матурантка во Колеџот „Јахја Кемал“ во Струмица, а во текот на своето образование посетуваше часови и на медицинската струка во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“. Пред неа се нови предизвици, како и продолжување на нејзиното образование. Таа изјави дека покрај модата, вториот сон и е поврзан со медицината, бидејќи од мали нозе имала голема желба, кога ќе порасне да стане докторка.
Иако дизајнира свои модни креации, внуката на Премиерот Зоран Заев, во едно интервју изјави:
- Создавањето модни креации, за мене е само хоби и еден вид издувен вентил од училишното секојдневие.
Ева за себе додава дека е девојка како сите други, го има најдобриот чичко на светот и од него учи многу.