Девојката му се самоуби, а сега е пак вљубен: Џим Кери ја покажа партнерката

Добивај вести на Viber

Откако пред повеќе од три години, неговата тогашна девојка Катриона се самоуби, комичарот Џим Кери е повторно во среќна врска. Тој на доделувањто на Златните глобуси сношти, се појави насмеан со новата девојка, колешката Џинџер Гонзага.

Џим на доделувањто на Златните глобуси сношти, се појави насмеан со новата девојка, колешката Џинџер Гонзага

Во 2015 година, Џим Кери беше во фокусот на јавноста откако неговата девојка Катриона Вајт се самоуби. Во тоа време, двојката беше во привремен прекин на врската, но актерот на полицијата  ѝ откри дека никогаш дефинитивно не сакал да раскине со својата девојка. Пред да успее да ѝ објасни на Катриона дека му требал само мал одмор, како што изјавил, а не крај на врската, таа скршена од болка одлучила да си го одземе животот. Поранешната љубов на Кери се самоубила со прекумерена доза апчиња кои од аптеката ги подигнала на негово име. 

Џим, откако семејството на Катриона го обвини дека психички ја малтретирал, заврши на суд, кој на крајот го ослободи од обвинението дека е виновен за смртта на неговата девојка. Актерот покрена паралелна тужба против семејството на Катриона, и на судот му изјави дека тие го уценуваат и дека од него се обидуваат да извлечат пари. 

Во 2015 година, Џим Кери беше во фокусот на јавноста откако неговата девојка Катриона Вајт се самоуби

Џим потоа сосема се повлече од јавноста, и во едно интервју минатата година призна дека долго живеел како самотник, но никогаш не се откажал од љубовта. 

Кери зад себе има два брака, со актерките Мелиса Вормер и Лорен Холи, а познати се неговите врски со Рене Зелвегер и со Џени Макартни. Од бракот со Мелиса, актерот ја има ќерката Џејн.