Дигитално насилство: Бидете внимателни какви слики објавувате на социјалните мрежи
Ноел Мартин од Перт Австралија доживеала шок кога пишувајќи го своето име на Гугл открила дека нејзините фотографии биле искористени од страна на сајтови за возрасни и иако се работи за фото монтажа, сепак тоа и предизвикало непријатно и болно животно искуство.
Не се знае дали фотографиите биле „украдени“ од некој кој го има за пријател на Фејсбук или пак сликите ги објавила јавно за да можат да ги видат и оние кои не се дел од листата пријатели, сепак крадецот со нив направил монтажа и ги искористил за насловна фотографија на филмови за возрасни.
Иако го пријавила случајот во полиција, од таму добила одговор дека е сама виновна за содржините кои ги објавува на социјалните мрежи. Дигиталното насилство е во пораст и се верува дека секој петти Австралијанец е жртва на овој тип насилство.
Ноел денес има 23 години и е дипломиран правник, но го споделила своето искуство за да предупреди други да не се соочат со сличен проблем.