Дизајнерот Златко Џеј Зи Џеј направи модна ревија во градот на светлината: Го шармираше Париз со гламурозните креации
Минатата недела сите очи беа вперени во едно од најпознатите модни шоуа во светот, модната недела во Париз.
Сите љубители и модни критичари внимателно ги следеа сите ревии и настани, а за наша голема гордост во градот на светлината своја ревија имаше и нашиот дизајнер Златко Јовановски познат во јавноста и како Џеј Зи Џеј.
Иако тој настапи надвор од официјалната програма на модната недела во Париз, сепак дизајнерот имаше успешна ревија на која се покажа во најдоброто светло и секако со неговата црвена наметка, по која е препознатлив.
Дизајните кои ги носеа моделите се гламурозни, светкави, елегантни, шик, но и тоалети за сценски настапи.Златко на крајот од ревијата се појави пред присутните носејќи ја неговата црвена наметка со две круни на рамењата, која се влече и има лав на шлепот.
А костумот кој го носеше е вистинска атракција, со мали кругли огледалца и златен вез - како што и му доликува на еден моден дизајнер.
Честитки и секоја чест.
Фото и Видео: Инстаграм