Додека естрадата ужива во луксузни хотели, Данијела Мартиновиќ се одлучи за шатор: Пејачката покажа како летува на море (ФОТО)
Следбениците
претпоставуваат дека таа се одмара со својот
нов избраник
Повеќето јавни личности летните денови ги поминуваат на луксузни дестинации и во уште полуксузни хотели. На социјалните мрежи постојано ги гледаме нивните објави од елитни плажи, скапи вечери и убави моменти.
Сепак, една позната пејачка се одлучила за нешто поинаков одмор.
Имено, Данијела Мартиновиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од одморот, а наместо за хотел се одлучила за шатор.
„Неописливо“, напиша таа во описот на објавата, а меѓу фотките може да се забележи дека подготвува прво утринско кафе.
Да потсетиме, по разделбата со колегата Петар Грашо, таа започна романса со инспекторот Јосип Плавиќ.
Грашо се ожени со Хана Хуљиќ и со неа ја доби ќерката Алба.
Фото: Инстаграм / Архива - Женски магазин /Youtube - screenshoot