„Докторе, не ти личи, што ќе речат луѓето“: Кардиолог д-р Александар Стојменов урива стереотипи со бодибилдингот како хоби

Кардиолог д-р Александар Стојменов е жив доказ дека човек со професија може да гради тело.

Доктор Александар Стојменов е човек кој се грижи за вашето срце - по професија е кардиолог, но грижата за сопственото тело е исто така на неговата листа на приоритети, па многумина ќе речат дека изгледа беспрекорно, има одличен тонус и балансирани мускули. 
Сепак се јавуваат и такви кои велат дека не му личи заради професијата, дека бодибилдингот не е за доктори, но, д-р Стојменов е жив доказ дека и човек со професија може да има време за хоби, во случајов бодибилдинг, и уште поважно, тој нагласува дека физички атрибут не го прави полош или подобар доктор.

Откако пред извесен период имал потешка повреда на раката, д-р Александар покажа дека повторно се вратил во посакуваната форма и дека професијата не го спречува да гради тело. Тој објави две фотографии со кои порача дека секој спорт е уметност и дека е време да се разбијат стереотипите од типот: „доктор е, не може да биде и бодибилдер“.


Неговата објава во целост: 

-Докторе, не ти личи…
-Докторе, зошто таков спорт…
-Зошто мора јавно…
-Што ќе речат луѓето…
-Бла Бла Бла……………………………
Деновиве добив огромна поддршка, која не ја очекував и сум преблагодарен од дното на срцето, на сите кои дојдоа да се сликаат, да се запознаат, сите кои дадоа мислење, енергија и поддршка за она што случајно излезе во неделата…
Меѓутоа, исто така слушам и такви (како оние од погоре) прашања, од кои не знам дали да плачам или да се смеам…
Значи на секого му личи сѐ, ако сум доктор, не значи дека не треба да имам хоби, не значи дека не смеам да имам развиена мускулатура, не значи дека треба да имам било каква бариера. Било кој физички атрибут не ме прави полош или подобар доктор, до комплексот на оние на кои им смета е проблемот…
Спортот како спорт е нешто кое се обидувам да го претставам како уметност, да бидам жив доказ дека човек со професија може да гради тело, а во случајов и да надмине сериозна повреда. Секој спорт е уметност. Кога публиката гледа бокс, познавачите гледаат шах. Борењето, каратето исто така и секој спорт во основа е уметност, елеганција во спој со атлетицизам и сила и издржливост!
Зошто јавно? Затоа што има луѓе на кои сме им потребни, луѓе кои се мотивираат од нашите примери и се хранат со позитива, за да доближиме и покажеме нешто во вистинско светло и за да разбиеме стереотипи!!!
Што ќе речат луѓето? Оние кои “сакаат да речат” ќе си речат секако, тие си бараат негатива во сѐ, како мувата гомно во најубава цветна ливада…само дајте им денес малку повеќе материјал, за да речат нешто повеќе. 

Во претходни негови објави, тој зборуваше подетално и за повредата која ја имал:

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Stojmenov (@dr_stojmenov)