Докторка со магичен глас: Олгица од Радовиш блесна во шоуто „Никогаш не е доцна“
Олгица Велкова (60) од Радовиш со интерпретацијата на темата „Старе љубави“ од Тереза Кесовија го воодушеви жирито во популарното регионално музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Велкова, по професија доктор по општа медицина, во емисијата раскажа дека музиката ѝ е голема љубов уште од најрана возраст и дека како тинејџерка најголема желба ѝ била да се запише на Музичка академија. Сепак, нејзините родители не ја поддржале во намерата. Во средно училиште го запознала сегашниот сопруг, кој исто така ѝ е познат на јавноста. Станува збор за Роберт Велков, исто така доктор, кој во два мандата беше градоначалник на Радовиш.
Во шоуто „Никогаш не е доцна“ на Велкова конечно ѝ се оствари детскиот сон да запее на голема сцена пред милионски аудиториум. Членовите на жирито ѝ порачаа дека има магичен глас.