Долг зелен кежуал фустан за дневна шема: Несекојдневно издание на трикратната шампионка во боди-билдинг Мери Акиевска
Навиканти да ја гледаме во спортска облека додека вежба во теретана, младата Мери Акиевска која освои три златни медали на светски натпревари во боди-билдинг, објави фотографии на кои позира во долг кежуал зелен фустан.
Ретко издание на Мери која во спортката облека се чувстува своја на своето. Убавото време и сончевите зраци повод Акиевска да го промени имиџот барем на неколку часови и да ужива во оваа модна комбинација.
Во интервју за Женски магазин, Мери зборуваше за успесите, а посебно внимание посвети на подготовките без кои не би го имала овој успех кој го постигна. Сподели детали околу натпреварувањата и се што се случува таму.
Дрес кодот на жените кои се занимаваат со боди-билдинг го наметнува светската боди-билдинг федерација, па изборот на бикините и високите потпетици не е случаен.
„Бикините што ги носиме на натпревар се наменети посебно според критериуми и барања од страна на официјалната федеравија IFBB, но и во секоја категорија се бараат поразличен изглед на бикини, како и во мојата. Луксузните бикини со Сваровски кристали привлекуваат повеќе внимание и оставаат впечаток од самото светкање. Морам да кажам дека не можеме да си дозволиме често да ги менуваме бидејќи цената се движи од 1000 евра па нагоре. Високите потпетици строго мора да се иста висина, стандард 10 сантиметри според критериумите“.
Фото: Инстаграм