Домаќине добри гости ти дојдоа: Браќата Нуне и Мими Јовановска направија забава во домот на Татјана и Новица во Австралија (ВИДЕО)
Фолк пејачката Татјана Лазаревска овој викенд ја испрати нејзината мајка назад во Македонија, по три месеци поседок во Австралија.
Во домот на Татјана и Новица секогаш има музика и веселби, па по заминувањето на нејзината мајка, на гости и дојдоа браќата Нуне и Мими Јовановска, кои направија забава за добредојде.
Полна куќа гости, со гитара, саксофон, тапан, ракија и добро мезе, грмеа македонски песни во домот на Татјана и Новица во Австралија. А малиот Никола највесел и најразигран помеѓу гостите.
„Весело друштво во нашиот дом..Браќа Нуне, Мими и Дарко Билбиловски и малиот Никола“, напиша Татјана во описот на видеото.
Мими и Филип го имаат синот Никола, кој ужива во друштво на мама и тато додека се на музичка турнеја низ Австралија.
Фото: ФејсбукМими и Филип Нуне заедно со синот уживаат во Австралија: Фотки како разгледници