Доминација со стил и говор: Првата дама Елизабета во нежно, а елегантно издание
На Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, на мини настанот кој се оддржа, првата дама, Елизабета Ѓоргиевска заблеска во нежен, пудра боја, лелеав фустан, кој пред сѐ оддава елеганција.
Првата дама остави голем впечаток со стилот, кој многумина би го поврзале со стилот на Војвотката Кејт Мидлтон, на кој таа остана доследна.
Елегантниот фустан, дамата го искомбинира со високи потпетици во беж боја. А покрај неа, одлично стилизирани беа и гостинките на настанот.
Нашата прва дама дефинитивно секогаш знае да го одбере вистинското модно парче за вистинската прилика, како оваа во која испрати моќна порака.
Имено, бидејќи се работеше за Денот на жените и девојките во науката, Елизабета ја нагласам потребата од заеднички ангажман на сите чинители во земјава, академската и бизнис-заедницата во охрабрување на платформи, програми и инкубатори за жени и за девојки истражувачки во СТЕМ-областите, „да бидеме катализатор на промени за подобро општество за секој од нас“, вели таа.
Покрај тоа, Елизабета потенцираше дека во време кога се соочуваме со низа предизвици предизвикани од пандемијата со Ковид-19, уште повеќе се истакнува потребата од поголема застапеност на жените и девојките во науката.
Р.Ж.М
-Синот на претседателот по стапките на мајка му: Првата дама Елизабета и Огнен со подароци за дечињата од Ковид центарот на Институт за белодробни заболувања
-Стил на денот: Првата дама на Македонија во капут кој е чиста перфекција