Душко Тошиќ во друштво на 4 убавици: Едната му е омилена
Душко Тошиќ ужива во Белград
По разводот, познатиот фудбалски менаџер Душко Тошиќ ужива во својот нов бизнис, а на Инстаграм често можеме да видиме слики од внатрешноста на ресторанот кој неодамна го отвори. Душко извесен период ужива во Белград, а се чини дека турбуленциите во бракот и за време на разводот не го вознемириле...
Со оглед на тоа што на својот профил почесто поставува слики од својот ресторан - нè запозна со менито, а сега и со 4-те убавици кои ги сподели. Имено, станува збор за шишиња квалитетни пијалаци, се чини, вина со италијанско потекло од Тоскана, кои веројатно можете да ги најдете во ресторанот на поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша. Ако може да се донесе заклучок, се чини дека најомилено и најзастапено вино е 50 x 50, кое е создадено како експеримент, а денес заслужено е меѓу најпопуларните супер вина од Тоскана...
Додека тој веќе беше длабоко вклучен во приватниот бизнис, Јелена Карлеуша исто така не седеше со скрстени раце по разводот, туку ја израдува публиката и обожавателите со нешто сосема ново. На српскиот пазар неодамна се појави парфем создаден од неа. Парфемот на Јелена Карлеуша се вика „ЈА ЈК“ и е наменет и за жени и за мажи. Првото издание беше распродадено веднаш, истиот ден кога беше лансирано. Пејачката Весна Џогани беше меѓу најбрзите и првата од шоу бизнисот што го купи парфемот на Јелена Карлеуша.
– Парфемот е распродаден! Првото издание на линијата унисекс парфеми „ЈА“ се продаде за неколку часа - објави Јелена Карлеуша и додаде:
- Второто издание на парфемот и спрејот за тело е повторно достапно во сите поголеми продавници и до четврток во продавниците низ цела Србија (како и онлајн). Исто така, парфемите и спрејовите отсега ќе може да се нарачуваат онлајн за сите земји од Европската Унија, како и од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Производот се дистрибуира од самата Европска унија, така што нема дополнителни царински и даночни трошоци - рече Карли.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot