Внимание-следи голема доза нежност! Сања Кужет сподели неодоливо видео со синот, а нејзината порака ќе ја разберат сите мајки и татковци
Убавата водителка жали што времето минува толку брзо и се труди да ужива во моментите кои штом поминат, никогаш не можат да се вратат.
Водителката Сања Кужет пред пет месеци го роди синот Вук, а на малите екрани не сме ја виделе извесно време.
Таа се труди да биде максимално посветена на своето бебе со кое ужива додека малиот расте, а Сања одвреме-навреме ни дава можност да ѕирнеме во нејзиното секојдневие и да видиме како ги поминува деновите за време на породилното отсуство.
Така беше и кога објави преслатко видео како го држи едномесечното бебе во раце и му пее прекрасна песна.
Описот на видеото гласеше:
- Да можев малку да го забавам времето, да не ми пораснат толку брзо децата. Имавме точно еден месец овде. Денес веќе пет и научивме многу...сите...заедно.
Додека го лулка бебето, Сања ја пее песната на Масим Савиќ „Странец во ноќта“. Следбениците веднаш реагираа и ја опсипаа со убави коментари. Се чини дека и водителката ужива во мајчинството и дека би можела засекогаш да остане во таа улога.