Славска погача за куќната слава: Пејачката Татјана Лазаревска на утринска црковна литургија со семејството

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска и нејзиното семејство денес го празнуваат Воведението на Пресвета Богородица – Пречиста, еден од најголемите празници посветени на мајката Божја.

Како што е редот пред прославата во домот, Татјана со сопругот Новица, синовите Петар и Стефан отидоа во црква на утринска литургија и пеење на славската погача.

Иако пејачката со семејството подолги години живее во Австралија, останаа верни на обичаите и традицијата, па како и изминатите години така и оваа ќе ја прослават куќната слава.

Фото: Инстаграм
РЖМ